Вкупно 18 медицински работници од Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир се во изолација како резултат на контакт со три родилки кои криеле дека имале контакт со заболен од Ковид-19, за кои потоа се покажало дека и самите се позитивни, информира директорот на болницата – д-р Башким Исмаили, пренесува сакамдакажам.мк.
Родилките не давале точни податоци на епидемиолошките анкети. Криењето е голем проблем и за давањето неточни податоци треба да се одговара, вели Исмаили.
Токму поради ваквите несовесни постапки, вели, веќе сите вработени, сестри и доктори во болницата носат маски и визири, а маски им се даваат и на сите родилки.
Во изјавата за порталот, Исмаили ги замолува пациентите/родилките да бидат искрени на анкетите, но истовремено и ги предупредува граѓаните дека нема кој да ги лекува ако не даваат точни и искрени информации
Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.