Македонија 15. јуни 2020. / 13:47

Во инфективниот дел на кумановскта болница има само едно празно место

Во инфективниот дел на кумановскта болница има само едно празно место

Пополнети се капацитети на инфективното одделение во кумановската општа болница.

Како што соопштија надлежните од установата, од вкупниот капацитет од 18 легла, исполнети се седумнаесет.

Десет пациенти се на кислородна поддршка, што значи дека се со средно тешка до тешка клиничка слика. Останатите пациенти се со средна клиничка слика. Наплив има и во амбулантното одделение каде пациентите доаѓаат, примаат терапија и се пуштаат на домашно лекување. Пациентите од кумановско кои се позитивни на Ковид-19, без разлика на нивната состојба се во постојана комуникација и контакт со нашите инфектолози – изјави директорката на кумановската болница, д-р Снежана Захариева.

Во овој период, четири медицински сестри од инфективното одделение се позитивни на Ковид-19, што е една смена во болницата. Захариева вели дека се ангажираат сестри од другите одделенија од болницата кои помагаат на инфективното одделение.