Македонија 17. февруари 2020. / 11:12

Во хотел, во кафуле, на паркинг: Обвинителството презентираше како тајно го следеле Кичеец

Во хотел, во кафуле, на паркинг: Обвинителството презентираше како тајно го следеле Кичеец

Обвинителството денеска пред судот пррзентираше видео материјали од тајното следење на Зоран Милевски – Кичеец.

Во едно видео можеше да се види како Кичеец влегува во фабриката Охис, во друго видео како влегува во познат хотел во центарот на Скопје, како и во кафуле во населбата Капиштец.

Адвокатот Сашо Дукоски на ова реагираше дека нема никаков опис на активностите и на каков начин се поврзани со делото.