Од Македонија во Грција од утринава може да се влезе само преку граничниот премин Богородица/Евзони, откако Грција синоќа на полноќ ги затвори премините Меџитлија и Стар Дојран за секаков вид сообраќај.
Затворањето е поради новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за Ковид-19 и ќе трае до 4. август.
Сите патнички и товарни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони – информираат од македонското МВР.