Македонија

Во Германија македонските возачки дозволи ќе бидат признаени од вторник

Во Германија македонските возачки дозволи ќе бидат признаени од вторник

Министерите за внатрешни работи на Македонија и Германија, Оливер Спасовски и Хорст Зехофер, во вторник ќе го потпишат договорот за реципрочно признавање на возачките дозволи.

Преговорите меѓу надлежните министерства во Берлин и Скопје околу меѓусебното признавање на возачките дозволи траат уште од 2007 година, а дури сега се отстранети пречките и е финализиран билатералниот договор.

Полагањето за возачка дозвола во Германија чини околу 1500 евра што претставува проблем за македонските иселеници, кои минатата година покренаа и онлајн петиција за да го забрзаат потпишувањето на спогодбата.

Договорот што ќе биде потпишан во вторник ќе стапи на сила веднаш.

Договори за реципрочно признавање на возачките дозволи, Македонија има склучено само со Италија, Шпанија, Албанија и Босна и Херцеговина.