Македонија 24. март 2020. / 13:05

Во ек на најголема криза со Ковид-19: Владата потрошила 73.000 евра за патувања во странство?

Во ек на најголема криза со Ковид-19: Владата потрошила 73.000 евра за патувања во странство?

Во ек на најголема криза заради состојбата со корона вирусот, Владата потрошила 73.000 евра за патувања и покрај забраната за патување во странство.

Исплатениот износ за патувања во странство се однесува за период од 17. 03 до 20. 03 годинава.

Најмногу потрошени средства за патување има Министерството за надворешни работи, безмалку 1,5 милиони денари. За 500 илјади денари помалу, на второ место е Министерството за одбрана, а меѓу оние кои потрошиле пари за патувања во странство се и општините Крушево и Гевгелија.

Вкупната сума потрошена за патувања во странство е 4.518.722 денари или во евра 73,475.

Како дел од мерките за заштита и превенција од корона вирусот Владата апелираше граѓаните да се воздржуваат од патувања во странство, бидејќи никој не може да им гарантира дека ќе можат да си дојдат дома кога планирале.

Се поставува и прашањето дали лицата од овие јавни институции кои ги користеле услугите ја почитувале и мерката за самоизолација од 14 дена по враќањето во земјава.