Македонија 31. март 2020. / 14:14

Во ек на криза со корона вирус: Општина Штип набавува цвеќиња од компанија блиска до СДСМ

Во ек на криза со корона вирус: Општина Штип набавува цвеќиња од компанија блиска до СДСМ

Додека секаде во светот се набавуваат маски, ракавици, средства за дезинфекција, Општина Штип набавува цвеќиња во износ од 118.000 денари. На ова денеска, со документ, посочи Иван Јорданов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип.

Уште поинтересно е, пишува тој, што добитник на набавката е компанија, блиска до СДСМ, а тоа што остава впечаток е растењето на цената за истата набавка низ годините.

-Ако општината во 2018 година од истата компанија набавила цвеќиња за 24.000 денари, во 2019 набавката изнесувала 100.000 денари, а на ден 25.03.2020 година, кога светот ја води најжестоката битка, локалната самоуправа склучува договор на високи 118.000 денари за цвеќе, пишува Јорданов во неговиот фејсбук. 

Според него, јавноста треба да знае што се промени низ годините, за да се зголеми потребата на општината за цвеќиња? Дали ова е нова мерка на локалната власт за поддршка на фирми блиски до СДС? Дали во време на рецесија, најитна беше потребата од нбавка на декоративно цвеќе?

Наместо кратење и редуцирање на непотребните трошоци, додава Јорданов, ова е одговорот и односот што го добија граѓаните на Штип од локалните власти во време на криза.