Професорката Гордана Силјановска Давкова за неколку часа ги собра потребните 10 илјади потписи од граѓани за кандидатурата на претстојните претседателски избори – јавува порталот Курир.
Од проопозицикиот медиум додаваат дека професорката Силјановска немала потреба од собирање на овие 10 илјади потписи бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.
Денеска својот потпис за кандидатурата на професорката Силјановска го даде и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој изјави дека ја изразува неговата недвосмислена поддршка за професорката како граѓанин на Република Македонија и како претседател на најголемата политичка партија во Македонија.
-Сведоци сме на перманентно кршење на правото и правдината и еден од условите Македонија повторно да заличи на правна држава и демократска е токму победата на идните претседателски избори кои ќе се случат на 21 април, односно 5 мај. Јас сум силно убеден дека ВМРО-ДПМНЕ со професорката Гордана, но и со граѓаните на Република Македонија ќе извојува убедлива победа над она што ќе го кандидира деспотот Заев, СДСМ и групата која што е собрана околу него и практично од тој ден започнува враќањето на правото и правдината во Македонија, додава Мискоцски.