Македонија 27. август 2019. / 19:08

Во домот на Боки 13 најдени и документи на СЈО

Во домот на Боки 13 најдени и документи на СЈО

Бојан Јовановски ќе биде повикан да даде исказ во ОЈО за случајот „Рекет” кога ќе оценам дека треба, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска. Таа рече дека сѐ уште се работи на финансиската истрага и дека за дел од парите знат каде се, а за дел работат на тоа.

МКД.мк дознава дека при претресот во домот на Бојан Јовановски биле пронајдени голем број докази кои ги потврдуваат сознанијата од видео и аудио материјалите објавени во врска со случајот „Рекет“. Освен тоа, кај Боки 13 дома биле најдени и документи од Специјалното јавно обвинителство поврзани со голем дел од бизнисмените од случаите „Империја“ и „поштенска банка“, пишува МКД.мк.

Русковска рече дека не знае дали се подготвува барање за Јанева да излезе од притвор поради многу нарушено здравје и потврди дека сѐ уште трае истрагата за документот со исказот на Камчев кој излезе во јавност.

На прашање дали Камчев го имал тој документ, Русковска појасни дека записници на сведоците и на лица за кои се бараат потребни известувања, не им се доставуваат, туку пред завршувањето на истражната постапка кога ќе се донесе известување за завршена истрага, тогаш препис се дава на одбраната и на осомничениот.