Предводник сум на тим кој во четвртата изборна единица ќе ја донесе обновата и овој крај ќе биде најпосакуваниот крај за живеење во Македонија, напиша потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по објавувањето на кандидатските листи за пратеници.
Со мојот личен кредибилитет и животен пат без црни дамки, со силна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери и сите граѓани ќе го победиме Зоран Заев на домашен терен. Од изборната единица четири почнува Обновата на Македонија!, напиша Николоски.