Македонија 24. јуни 2020. / 16:57

Во четвртата изборна единица Николоски со водство пред Заев

Во четвртата изборна единица Николоски со водство пред Заев

ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба кај македонските граѓани. Над 3% водство на ВМРО-ДПМНЕ, во 5 изборни единици води ВМРО-ДПМНЕ пред коалицијата СДСМ-БЕСА.

Ова го покажуваат резултатите од најновата анкета на институт БИПС. Само во 6-ка, каде мнозинство е албанското насление води СДСМ-БЕСА преку носителот Билал Касами. Во сите ИЕ каде мнозинство се Македонците, убедливо води ВМРО-ДПМНЕ.

Според резултатите од анкетата на БИПС, најголема доверба од граѓаните во оваа изборна единица има Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, односно 25,8%.Зоран Заев има поддршка од 23,7% од граѓаните од оваа изборна единица.