Македонија,Регион 20. јануари 2020. / 12:32

Во Бугарија утврдено: Во италијанските контејнери нема радиоактивен и токсичен отпад

Во Бугарија утврдено: Во италијанските контејнери нема радиоактивен и токсичен отпад

Категорично е утврдено дека во откриените 20 контејнери на пристаништето во Бургас нема радиоактивен и токсичен отпад. Ова го изјави раководителот на Окружното обвинителство, Георги Чинев, јавуваат бугарските медиуми.

Според неговите зборови, испраќачот и добавувачот на пратката-фирмите „Дентиче панталеоне“ и „Блацион“-се исти со оние, чиј отпад е откриен и во контејнери во пристаништето во Варна. Во моментот, нема покренати обвиненија или утврдени виновници.

-Утврдено е дека постои несовпаѓање меѓу декларираното и пронајденото количество отпад, изјави заменик-директорот на бугарската полиција, комесарот Емил Павлов.

Окружниот обвинител Чинев појасни дека 20-те контејнери со отпад биле внесени во Бугарија на 5 септември минатата година. Тие, 90 дена биле складирани на пристаништето во Бургас, но увозникот, фирма од Плевен за преработка на отпад, до сега не ги има подигнато.