Во рамки на воената вежба „Одлучен удар”, која од 5 јуни до 9 јули ќе се одржи на ЦПО Криволак, еден програмски ден ќе биде реализиран во Битола. Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека оваа активност е договорена на синоќешниот заеднички состанок со секретарот на Општина Битола, претставници од Министерството за одбрана, Генералштабот, раководството на вежбата, како и претставници на силите на САД во Европа.
Во рамки на активностите што се дел од вежбата „Одлучен удар”, на 29 јуни во Битола, ќе се одржи тактичко технички настан со воени возила, вооружување и опрема што ги користат Армијата на САД и АРМ, информираат од тамошната локална самоуправа.
Вежбата „Одлучен удар”, вклучува интероперативност, интеграција, интеракција, комбинирана здружена вежба, боеви гаѓања, теренски активности, презентација на способности и дружења во повеќе градови.