Македонија 29. септември 2018. / 13:14

Во Битола ќе гласаат 71 затвореник и 26 болни лица

Во Битола ќе гласаат 71 затвореник и 26 болни лица

Во Битола без проблеми започна утрово гласањето на 71 затвореник и 26 болни лица кои претходно се пријавиле во ОИК.

ТВ 21 утрово ја посети канцеларијата на Општинската Изборна Комисија, каде беше доста раздвижено и екипите се подготвуваа за на терен, односно гласање по куќите на болните и изнемоштените лица.

Од ОИК информираат дека 71 затвореник денеска гласаат, 26 болни лица и 6 лица се пријавиле од Битола за гласање во дипломатско-конзуларните претставништва.