Македонија 22. мај 2020. / 13:16

Во 17 часот е седницата на која ќе се решава каков ќе биде полицискиот час викендов

Во 17 часот е седницата на која ќе се решава каков ќе биде полицискиот час викендов

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска изјави дека седницата на Владата на која ќе се решава каков ќе биде полицискиот час за продолжениот викенд е закажана за денеска во 17 часот.

Сите одлуки кои досега ги донесовме беа во интерес на граѓаните и постојано ги следевме препораките на Комисијата за заразни болести, изјави Спасовски.