-Зоран Заев пред изборите тврдеше и ги манипулираше семејствата на убиените дека ја знае вистината за бруталната егзекуција кај Смилковско езеро. Заев, повеќе години водеше морбидна кампања и го искористи свирепото убиство за собирање на политички поени. Сега откако е на власт, Заев тврди дека нема докази за ѕверската ликвидација кај Смилковско езеро и дека, ако ги имал истите и ќе ги објавел. Заев лаже и манипулира, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека додека беше опозиција Зоран Заев алудираше на поврзаноста на ДУИ со убијците.
-Според исказот на семејствата, тој им покажувал транскрипти од разговори помеѓу Невзет Бејта и Фејзи Азири, а тврдел и дека пет од броевите кои се заведени како државна тајна се на функционери од ДУИ. Наеднаш Заев заборави на се што им кажуваше на родителите. Дали коалицијата со ДУИ е причина за неговата амнезија?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.