Македонија е црна дупка во Европа во однос на справувањето со корона вирусот. Според Би-Би-Си Македонија е црн рекордер по смртност. И последното деноноќие државата бележи црн биланс, односно над 15% од тестираните се заразени, а четворица се починати.
Од почетокот на епидемијата заразени се 18.873 лица, а починале 760. Згора на се, мафијашите на власт ниту знаат ниту умеат да спроведат мерки кои ваквата состојба ќе ја подобрат или спречат. За политички цели промовираа нова нормалност и декларираа дека Македонија го победиле вирусот, за сега кога ситуацијата ескалираше да бараат вина во народот и во секој друг, само не во самите себе. Сето тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт. Мафијата на власт се грижи само за личното богатење. За нив ваквата катастрофална состојба е само обична статистика, која уште без срам сакаат да ја прикажат како успешно справување со вирусот. Луѓе се разболуваат и умираат, а тие отвораат си тераат забави во кафулиња, како во случајот од пред некој ден во Кочани, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Македонија тоне од ден во ден. Не само поради здравствената криза, туку и поради последиците од неа. Образованието е во хаос, а економијата ни е во слободен пад, народот осиромашува, а мафијата на власт мува не ја лази, стои во соопштението на Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ