Македонија 29. декември 2020. / 11:14

ВМРО-ДПМНЕ: Со отпечатоци од прст ќе се спроведе вистински попис и ќе имаме реална слика

ВМРО-ДПМНЕ: Со отпечатоци од прст ќе се спроведе вистински попис и ќе имаме реална слика

Зоран Заев е нервозен затоа што ВМРО-ДПМНЕ го фати во обид да го фалсификува пописот, велат во утринското соопштение од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Заев дека сака да спроведе, како што велат, талибански попис, како што организираше талибански избори. Според нив, Заев не кажува ни по која методологија ќе се прави пописот и ја држи во незнаење и јавноста, но не ги прифаќа ни предлозите на опозицијата.

-ВМРО-ДПМНЕ бара Заев да ја сфати сериозноста на статистичката операција попис и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за набавка на 10.000 терминали за отпечатоци од прст со кој ќе се спроведе вистински попис и ќе имаме реална слика, се вели во сооптението.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека само со набавка на терминали со отчитување за отпечатоци од прсти ќе се попише резидентното население и ќе се направи дистинкција на резидентите од државјаните, односно луѓето кои поседуваат македонско државјанство но не живеат во државата. Наведуваат дека апаратите за отпечатоци и така треба да се набават неколку месеци подоцна за локалните избори.

-Пописот е стратешка операција врз база на која произлегуваат податоци врз основа на кои се спроведуваат политики на државата на среден и долг рок. Токму затоа Заев да ја сфати сериозни оваа операција и да ги надмине внатрепартиските превирања во корист на Македонија, велат од партијата.