Македонија 27. февруари 2021. / 14:19

ВМРО-ДПМНЕ изрази сомнеж дека е вратен авансот за кинеските вакцини

ВМРО-ДПМНЕ изрази сомнеж дека е вратен авансот за кинеските вакцини

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека причината за доцнењето на кинеските вакцини лежи во македонската власт.

Оттаму обвинуваат дека Владата постојано лаже за набавката на вакцини.

-Имам информација дека е вратен авансот кој владата го платила до кинеската фирма, па затоа прашуваме јавно дали е вистина дека е вратен авансот за кинеските вакцини и воедно кои се причините доколку е вистина дека е вратен, иако нашите информации говорат дека е вратен и не само што ќе доцнат туку ние нема да добиеме вакцини од кинеската фирма во идниот период,  изјави портаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.