Македонија 02. јануари 2020. / 14:19

ВМРО-ДПМНЕ не сака да ризикува – Место Ковачки ќе предложат нов професионалец што не е партиски член

ВМРО-ДПМНЕ не сака да ризикува – Место Ковачки ќе предложат нов професионалец што не е партиски член

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес конференција најави дека се откажуваа од предлогот Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи.

На негово место во текот на денешниот ден ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов кандидат, кој според најавите на Мицкоски ќе биде професионалец и непартиски член.

-Потребно е одговорно однесување и нема да дозволиме Заев и компанија да избегаат од избори и соочување со народот на 12 април, изјави Мицкоски.

Мицкоски не го облодени името на новиот технички министер за внатрешни работи, зашто треба да следуваат последни телефонки консултации со Зоран Заев, кој треба секој момент да се врати во земјата, и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.