ВМРО-ДПМНЕ претстави делови од моралниот кодексот, со кој, како што велат од партијата, планираат да ја сменат сликата за политиката во Македонија.
-ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните, пред Вас излегува со морален кодекс. Кодекс за да ја смениме сликата за политиката во Македонија.
Како прво, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека нема да има предолго останување на функционерите на функцијата доделена од вас.
Второ, ниеден функционер нема истовремено да биде и бизнисмен. Ваквите однесувања како кланот на власт повеќе не смеат да се повторуваат.
Трето, водечки карактеристики на идните функционери ќе бидат квалитетот на луѓето и нивните способности.
Четврто, функционирање на правната држава и словото на законот ќе мора да бидст во преден план. Администрацијата мора да биде ослободена од стеги и од реваншизаот кој што се случува сега.
Петто, Влада мора достапна за народот, за таа намена владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе формира тело кое што ќе ги координира тие средби за да се слушне гласот на народот.
Шесто, ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме посебно внимание и почит кон верските заедници и религиозни групи согласно нашата идеолошка определба, секако тука ќе бидат земени во предвид и маргинализираните групи
Седмо, економија, раст и развој. Образование кое што е квалитетно, и модерно и шанса за младите и посебна стратегија за борба против иселувањето. Ваквата бела чума, ваквите илјадници иселувања на млади и способни од Македонија не смеат да се повторуваат.
Осмо идните функционери од власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се откажат од луксузирањата. Доста е од луксузирање кое се повторува 28 години, доста е од луксузирање на политичарите додека народот е на леб и сол.. Нема да има трошоци за непродуктивни работи и за личен комодитет.
Деветто, имаме јасни стратешки партнерства со ЕУ, со САД и НАТО алијансата. Ќе работиме за влез ЕУ, ќе работиме за европски стандарди и принципи, ќе мора да си ги признаеме слабостите за да можеме да одиме навистина напред. Македонизмот, тој е основата на која општество треба да се развиваме, ниту антиквазицијата, ниту онаа насилна севернизација, која што се турка во последните две години. Македонизам како космполитска идеја која што треба сите нас да не врзува и да не обединува.
Десетто, нема да бараме поддршка базирана на трговија со гласови, туку поддршка базирана врз програма и цели. Ќе се обратиме кон оние кои не поддржуваат со работа и со принципиелен однос.
Ова е моралниот кодекс составен од принципи и вредности, а следува и програма. Она што следи се промените кон подобро ќе се почувствуваат во првите 100 дена од мандатот на новата влада – рече партискиот портпарол, Наум Стоилковски.