Зоран Заев назначува за шеф на преговарачкиот тим за преговори со ЕУ, човек кој пред 3 години го обвинуваше за криминал и му поднесуваше кривични пријави. Според стандардите на Заев, Бујар Османи кој до пред извесно време беше криминоген сега ќе треба да ја европеизира Република Македонија, реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со поставувањето на Османи за шеф на преговарачкиот тим со Европската Унија.
„Менувањето на Изборниот законик со цел да се изигра и заобиколи законската обврска и зададената практика за гласање на ДИК со 2/3 мнозинство и со консултација на опозицијата е гушење на демократијата и претставува удар врз досега воспоставената пракса која гарантира изразување на волјата на граѓаните. Инклузивноста, како демократска вредност е целосно погазена од Зоран Заев, човекот кој ветуваше дебата за се, а сега по секоја цена уништува дури и најмала форма на дискусија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму велат дека остануваат на принципиелните барања, востановени и усогласени помеѓу работните групи уште во март за околу концептот за финансирање на политичките партии и влада согласно договорот од Пржино како гарант за создавање демократски услови за изборен процес.