Радмила Шекеринска и СДСМ ја имаат зацрнето македонската одбрана, а армијата служи за потсмев поради неодговорноста и аматеризмот на власта, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на денешната прес-конференција на Хари Локвенец кој зборуваше за буџетот за одбрана во 2019.
Оттаму додаваат и дека Шекеринска од недостаток на резултати мора, како што наведуваат, да се резили и да примопредава гуми.
-Војниците повеќе месеци во текот на годинава беа оставени без превоз од нивното место на живеење до касарните во кои работат, па беа принудени да се снаоѓаат сами, да се организираат и да го покриваат сето тоа од свој џеб, стои во партиското соопштение.
Од опозициската партија истакнуваат и дека армијата и армиските ресурси, како што се армиските хеликоптери се користеле, за како што велат, развезување по кафани и скапи ресторани.
„Шекеринска и СДСМ како и во сите други сегменти на државата и општеството така и во одбраната имаат внесено само црнила“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.