Македонија 02. март 2021. / 10:00

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ три дена знаел за бегството на Мијалков и ништо не преземал

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ три дена знаел за бегството на Мијалков и ништо не преземал

Бојан Маричиќ три дена знаел за бегството на Мијалков и ништо не преземал, има ли појасен доказ за договорот Заев – Мијалков, прашувааат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во утринското соопштение од партијата посочуваат дека министерот Маричиќ ја криел информацијата дека Мијалков ќе бега, обвинувајќи го дека помагал да се реализира планот Заев – Мијалков.

-Мијалков кој бил помаган од власта на крај со црн владин пасат стигнал до ЈО, од каде правеше циркуз за потребите на Заев и глумеше изненаден. Во режијата на Заев за Мијалков учествувало и ЈО, кое дозволило Мијалков 40 минути откако се пријавил, наместо да оди во куќен притвор да парадира пред камери и да го пере Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За ова, додаваат од партијата, или Русковска треба да си даде оставка или министерот Маричиќ да си оди.

Од партијата посочувааат дека одговорност за овој случај ќе има.