Македонија 20. јули 2020. / 23:03

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите се одржаа во недемократска атмосфера, со масовен поткуп на гласачи

ВМРО-ДПМНЕ: Изборите се одржаа во недемократска атмосфера, со масовен поткуп на гласачи

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот Комитет прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори. На седницата се дискутираше за актуелната општествено политичка состојба и последните избори кои се реализираа.

Извршниот Комитет заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ.

Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната Изборна Комисија кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот Суд.