Македонија 07. декември 2019. / 10:30

ВМРО-ДПМНЕ: Дали со парите од „Рекет“ е финансирана кампањата на Стево Пендаровски?

ВМРО-ДПМНЕ: Дали со парите од „Рекет“ е финансирана кампањата на Стево Пендаровски?

Власта и обвинителката Вилма Рускоска ја развлекуваат постапката за „Рекет“, обвниуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори:

– Каде завршила ташната „Луј Витон“ со 1.5 милиони евра!?

– Дали со парите од „Рекет“ е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

– Колку бизнисмени биле жртва на „Рекет“!?

– Колку вкупно пари биле изрекетирани!?

Според ВМРО-ДПМНЕ, исказот на сведокот и жртвата во текот на вчерашниот ден само потврдува дека некој од власт ја заташкува истрагата.

– Јавноста е збунета, а власта нешто крие. Што барал министерот за здрваство Венко Филипче на една од средбите помеѓу рекетарот Боки 13 и жртвата!? Зарем Филипче мисли дека јавноста му верува на исказот дека со шоуменот Боки 13 разговарале за болници. Катица Јанева не земала 50.000 евра, туку 350.000 евра. Со тоа и противправната имотна корист, а и тежината на делото се зголемува. Обвинението кон неа треба да се преформулира. Ташната Луј Витон патувала на повеќе локации. И очигледно повеќе лица се стекнале со противправна имотна корист. Кои се тие!? И зошто до сега не биле опфатени со истрагата!?, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Рускоска бега од вистината и затоа не сака да истражи каде заминала ташната и каде се патувала.

– Русковска ја влече истрагата затоа што знае дека зад „Рекет“ стои врвот на власт, без кој милионски рекет во толкав временски период воопшто не би бил возможен. Граѓаните очекуваат ефикасна и ефективна разрешница на „Рекет“, се вели во партиското соопштение.