ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие. Власта неколку дена молчи за неодговорното однесување на Рашковски. Дали Рашковски е над законот и поради тоа не е казнет за непочитување на мерките и законите? Генералниот секретар на владата Драги Рашковски пред неколку дена е фатен како без маска на лицето, спротивно на прописите и законската уредба слободно се движи во продавница и со тоа го загрозува здравјето на останатите присутни и демонстрира беззаконие, велат од ВМРО ДПМНЕ.
За ваквото беззаконие институциите се уште молчат. Граѓаните прашуваат зошто за Рашковски не важат законите кои за нив важат? Дали неговата функција во владата во заминување е таа што го прави да биде над законот? ВМРО-ДПМНЕ бара под итно да биде казнет Рашковски и јавно извинување за демонстрираното беззаконие. Уште еднаш се докажа дека со Заев и СДСМ Македонија доби единствено хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија, соопштуваат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.