Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев, на социјалните мрежи го критикува градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов. Според пратеникот, ексградоначалникот Коце Трајановски успеал да ги пречека Реал Мадрид и Манчестер, а Петре Шилегов не можел да испрска ниту против комарци.
„Тивко е, значи дека прскаат авионите на Шилегов. Дојде живот. За комарците. Пред една година Скопје ги дочека Реал Мадрид и Манчестер. Денес Шилегов не може да испрска против комарци. Врати се Коце. Толку“, пишува Ѓорчев.
Опозицискиот пратеник објави и фотографија од градоначалникот Петре Шилегов, на која пишува „Што да ви кажам, комарците се вмровци“.
Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев, на социјалните мрежи го критикува градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов. Според пратеникот, ексградоначалникот Коце Трајановски успеал да ги пречека Реал Мадрид и Манчестер, а Петре Шилегов не можел да испрска ниту против комарци.
„Тивко е, значи дека прскаат авионите на Шилегов. Дојде живот. За комарците. Пред една година Скопје ги дочека Реал Мадрид и Манчестер. Денес Шилегов не може да испрска против комарци. Врати се Коце. Толку“, пишува Ѓорчев.
Опозицискиот пратеник објави и фотографија од градоначалникот Петре Шилегов, на која пишува „Што да ви кажам, комарците се вмровци“