Дали власта на СДСМ си најде спаринг партнер во актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев. Дека иннформациите се точни, се потврдува и во најновото интервју на Јанчев, за емисијата „Во Центар“ со Васко Ефтов.
За се почестите средби на Јанчев со челните луѓе од СДСМ, за градоначалниот се случајни. Вели дека биле случајни фотографиите кои се вртат во јавноста за славењето со Вице Заев кога, тој станал потпретседател на паријата
Тој ден јас станав Потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и со Вице Заев случајно бевме во ист хотел во Банско. Ги почастив една пијачка и таа фотографија потоа беше објавена на фејсбук. Од таму се сите приказни. Тоа е 2018 година или еден месец по конгресот во Валандово кога Христијан Мицкоски стана лидер на ВМРО ДПМНЕ, изјави Јанчев.
Случајност според Јанчев е и тргната слика од Тиквешкото востание од неговиот кабинет на средбата со бугарскиот амбасадор, затоа што градоначалникот не сакал да гледа слика со крвови и отсечени глави
Сликата е сменета од многу едноставни работи, не сакам да гледам слики со крвови, глави отсечени,,,случајно беше, изјави Јанчев, на прашањето на Ефтов зошто на средбата со амбасадорот Џес Бејли сликата стои, а на средбата со амбасадорот на Бугаријата истата е тргната.
Во однос на напишаното име Република Македонија на социјалните мрежи, Јанчев изјави дека направена е ненамерна грешка, односно дека ако честитал државен празник на социјалните мрежи со Република С. Македонија ќе го критикувале исфрустрирани ботови.
Тоа што го напишав јас на празникот, не го напишав јас туку моите служби. Не напишавме Република Северна Македонија, затоа што ќе имаше уште 500 коментари од 400 ботови, исфрустрирани од некаква си структура на некакви си раководства и ќе имаше плукање по мене и по моите деца и по моето семејство. Тоа беше ненамерна грешка, не се оградувам од официјалниот профил, но тоа не е мој личен профил, изјави Јанчев.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, на една трибина зборуваше и за тоа каков лидер сака да биде тој лично. Тој побара неговиот став да не биде доживеан како навреда кон неговата партија, туку како негово лично мислење.
Дај боже сите да бидеме како Зоран Заев и да бидеме сите флексибилни и да можеме да работиме ќе бидеме како Швајцарија – порача Јанчев.
Дефокусот има единствена цел, а тоа е Митко Јанчев да му помогне на Зоран Заев вртејќи ги очите на јавноста кон несуштински теми, како што е оваа. Сето се случува во време кога во Македонија има сериозна здравствена и економска криза, а стратегии на власта за подобрување на состојбата – нема.
Властите неможат да се справат со сериозните предизвици предизвикани од пандемијата Ковид 19. Сведоци сме секојдневно на огромен број заболени, но и починати од коронавирусот.
Економската состојба полека крахира, а последиците допрва ќе ги почувствуваат македонски граѓани, кога сиромашните ќе станат уште посиромашни, а во прашање ќе бидат доведени и исплатата на плати, пензии и социјална помош.