Македонија 14. февруари 2020. / 22:06

Власта нема доволен број пратеници за гласање на Законот за ЈО

Власта нема доволен број пратеници за гласање на Законот за ЈО

Претседателот на Собранието Талат Џафери откако се исцрпи листата на говорници за законот ја затвори расправата по предлог Законот за Јавно обвинителство. Но бидејќи во салата немаше доволно пратеници, тој даде еден час пауза за да се соберат пратениците.

– Почитувани колеги фејсбук мејкери ме ставивте како топовско месо вчера бидејќи ја почнав седницата во 22 часот. Сега заврши дискусијата во 21 часот. Кај сте сега? Објавувам пауза за мнозинството да ми каже кога да продолжиме, рече Џафери.

Во моментов има координација на партиите кои се дел од владејачката коалиција. ВМРО-ДПМНЕ не е дел од консултациите. Се остава ли простор за нови притисоци брз пратеници за повторно да се истурка на сила потребната бројка на гласови за да се донесе закон за ЈО скроен за потребите на СДСМ.