Власта го потпиша договорот за хеликоптерско спасување. Од Илинденска потврдиле дека ставиле параф со фирмата Сархемс, која во следните 8 години ќе ја работи хеликоптерска итна помош, пренесува Алфа телевизија.
Кога бил потпишан договорот, телевизијата не добила информација, ниту пак под кои услови. Од Владата кратко одговориле дека тоа веќе било објавено во јавноста.
– Во врска со прашањето кое се однесува на договорот со хеликоптерската прва помош, по насока од генералниот секретар ве известуваме дека истиот е потпишан, одговорија од владата на прашањето на Алфа.
Приватизацијата на хеликоптерските услуги за итна помош и спасување од самиот почеток беше контроверзна, власта, дилот го склучи со скопската фирма “Сархемс Дооел”, основана 24 дена пред да се објави меѓународниот тендер. Тендерската постапка се спроведуваше под будното око на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, кој оваа зделка ја оцени како „ремек – дело“.
Според генсекот Рашковски хеликоптерското „ремек делото“ граѓаните ќе ги чини 0 денари, но остана неодговорено зошто некој би вложувал милионски суми во бизнис ако нема ќар од истиот.
Целата вест можете да ја прочитате ТУКА.