Македонија 25. февруари 2019. / 12:42

Владина делегација на одбележувањето на 15-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Владина делегација на одбележувањето на 15-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

Делегација на Владата предводна од министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатуваа во Ротимље, каде ќе присуствуваат на одбележувањето на 15-годишнината од несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски.

Ве известуваме дека делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатува во Ротмиље, Босна и Херцеговина на одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Претседателот Борис Трајковски, известуваат од Владата.