Владиката Петар порача дека се надева оти во оваа година може да има извесно придвижување по прашањето на автокефалноста на нашата света црква. Како што истакнува Владиката, тоа нема да зависи само од нас, туку и од општата состојба во православните помесни цркви.
– Ние секогаш очекуваме повеќе, отколку што ни се случува. Се надеваме дека во оваа година може да има извесно придвижување по прашањето на автокефалноста на нашата света црква. Тоа нема да зависи само од нас, туку и од општата состојба во православните помесни цркви поради, би рекле, разделеноста што сега постои. Но, ако сите се потрудиме и придонесеме да се најде вистинскиот начин на обединување на Православната црква во оваа поделеност, се надевам дека може да дојде и тој ден и ние како Православна црква, која по постоење сме помеѓу најстарите, но по признавање сме помеѓу последните, да бидеме рамноправни во признавањето. Но, никогаш не е доцна и ние да бидеме во Екумената на православните цркви, во заедница со сите православни помесни цркви, односно, да ја добиеме автокефалноста – изјави владиката Петар одговарајќи на прашањето дали оваа година може да биде пресвртна во признавањето на МПЦ.
Владиката Петар денеска го благослови заедничкиот Божиќен ручек во Прилеп за околу 500 деца.