Владата не донесе одлука за враќање на полицискиот час.
Имено Владата не одлучувала по ова прашање, откако Комисијата за заразни болести побара ограничување на движењето на граѓаните на Скопје, Куманово, Тетово, Штип и другите критични региони и предложи полициски час од 22 часот навечер до пет часот наутро.
Комисијата за заразни болести веќе го достави предлогот до Владата и во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.