Комисијата за заразни болести предлага да ги отвориме границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, нотоа да важи само за неопходни патувања. Кои се тие, нема објаснување. Според проценката на Комисијата отворањето на границите е безбедно, бидејќи како што тврдат, нема висок број на импортирани случаи во земјава со КОВИД-19 од овие земји.
Станува збор за регионална иницијатива за рамномерно кревање на граничните рампи, потврди премиерот Зоран Заев.
До крајот на денот се чека одговорот од соседна Србија, а до крајот на неделава и Бугарија треба да каже дали ќе го укине ПЦР тестот за границата со Македонија и соседството. Заев уверува – отворените граници нема да бидат проблем доколку граѓаните од регионот ги почитуваат мерките.
Македонските граѓани без ковид тест засега може да влезат само во Албанија. За Косово, Србија и Бугарија неопходен е ПЦР тест, а Грција и понтаму е затворена.. Со последната одлука, забраната за влез кај јужниот сосед е продолжена до 12 октомври.