На седницата беше разгледана и усвоена стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акцискиот план 2018 – 2020 година.
„Создавањето на оваа стратегија беше дел од долг инклузивен и консултативен процес. Стратегијата се темели на досега постигнатите резултати, но и разработува рамка за идни активности кои ќе овозможат понатамошно унапредување на соработката и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор, како коректив на политиките, сервис на граѓаните и канал за солидарност, партнер на државата и бизнисот и двигател на ЕУ интеграцијата“, се наведува во соопштението од Владата.