Македонија 25. септември 2018. / 18:47

Владата сака да ја модернизира АРМ

Владата сака да ја модернизира АРМ

На денешната седница Владата ја прифати информацијата за планирање на опремувањето и модернизацијата на Армијата на Република Македонија во предлог-буџетот на Министерството за одбрана за период 2019-2021.

Приоритет во опремувањето и модернизацијата имаат декларираните сили за НАТО/ПзМ активности прифатени во рамките на НАТО-процесот на планирање и преглед (PARP), вклучително и Лесната пешадиска баталјонска група како најголема декларирана борбена единица со која Република Македонија придонесува во НАТО-базенот на сили.