Македонија 13. мај 2020. / 16:14

Владата прави проценки дали ќе се продолжи вонредната состојба

Владата прави проценки дали ќе се продолжи вонредната состојба

Владата се уште нема донесено одлука дали вонредната состојба во земјава ќе продолжи и во наредниот период. Премиерот Оливер Спасовски, кој денеска беше на увид во градежните работи на изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш, вели дека се прават анализите и се проценува врз основа на здравствената состојба.

– Јас апелирам да почекаме ден два, кога ќе заседава Владата и да се направи проценката дали ќе имаме потреба од нова вонредна состојба и колкава ќе биде, вели Спасовски.

Тој додаде дека се изготвува и извештајот до претседателот Стево Пендаровски, за тоа што е се направено во текот на оваа вонредна состојба. Останува на ставот дека приоритет е пред се животот и здравјето на граѓаните, а врз основа на тој приоритет ќе ги носат и следните одлуки.