Македонија 11. февруари 2020. / 11:05

Владата поништи решенија на министерката за труд Мизрахи

Владата поништи решенија на министерката за труд Мизрахи

Владата на вчерашната седница донесе одлука за поништување на решенијата донесени во периодот од 21 до 31 јануари од министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, со кои се опфаќаат решенија за овластување и потпишување, како и решенија за плати и за распоредување, информира денеска владината прес-служба.

Министерката Мизрахи е на таа функција на предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ како дел од техничката Влада што функционира од 3. месецов, а во пресрет на предвремените парламентарни избори предвидени за 12 април.