Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Уредбатаза интервентна набавка на респиратори за време на вонредната состојба со коронавирусот. Станува збор за 200 респираторни машини, а за набавката Министерството за здравство ќе треба да објави јавен повик на својата веб-страница.
Огласот ќе трае 72 часа од моментот на неговото објавување. Оценка на пристигнатите понуди ќе ја врши тричлена Комисија од редот на вработените административни службеници формирана од Министерството за здравство.
Власта и претходно имаше обид за набавка на респиратори, но тој тендер беше поништен бидејќи, како што објасни министерот Венко Филипче, ниту една фирма не го исполнила условот за достава во краток период.