На 32 седница Владата ја разгледа и усвои информацијата со анализа и акцискиот план за Преспанското Езеро, подготвена од Експертската работна група за Преспанско Eзеро.
-Владата одобри првични средства од Буџетот за 2020 година во износ од 44.000.000 денари на општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанското Eзеро и 30.000.000 денари за општина Дојран за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Eзеро, информираат од Владата.