Владата никако да се справи со опасноста од коронавирусот. Бројот на нови случаи е поалармантен од кога било.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026. Коронавирусот од Македонија зама 414 жртви.
Бројката на оздравени пациенти е 4727, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885.
На почетокот на пандемијата Филипче го смируваше народот дека пикот во Македонија ќе се достигне со најмногу 2000 заразени, а до вчера таа бројка е застрашувачки 9026. Спасовски како премиер во техничката Влада, освен што промовираше мерки кои не дадоа никаков резултат, не направи баш ништо.
Нови 241 случај позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 1700 тестирања, со што вкупната бројка од почетокот на епидемијата се искачи на 9026. Во претходното деноноќие починаа осум лица.
Со секој изминат ден, стравот кај граѓаните, оправдано, расте. Најавите дека ова не е крајот го плашат народот, но уште позагрижувачко е што Владата на Спасовски и Филипче не превзема ништо!
Алармантен е и податокот што во последно време, меѓу починатите, има и многу млади лица.
Од новите 241 ковид дијагностицирани најмногу се од Скопје – 73, Штип – 60, Тетово – 32, Гостивар-14, Куманово-10, Кочани осум, Гевгелија шест, Прилеп и Свети Николе по пет, Струмица четири, Струга, Радовиш и Крива Паланка по три, Охрид, Кичево, Демир Хисар по два случаја и по еден е регистриран во Дебар, Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово.
Секој ден нови жаришта. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 4214, активни 1868, Куманово 904, активни 236, Дебар 173, активни 111, Штип 569, активни 272, Прилеп 311, активни 62, Тетово 938, активни 325, Струга 351, активни 170.
Велес 206, активни 31, Битола 88, активни 43, Охрид 231, активни 116, Кавадарци 28, активни 17, Гостивар 286, активни 190, Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран), Струмица 28, активни 19, Крива Паланка 22, активни 11.
Радовиш 18, активни 14, Крушево 13, активни 8, Кочани 88, активни 20, Пробиштип 42, активни 26, Демир Хисар 14, активни 12, Македонски Брод 9, активни 5, Пехчево 6, активни 1.
Берово 4, активни 1, Валандово 6, активни 0, Виница 5, активни 2, Делчево 1, активни 0, Кратово 10, активни 6, Свети Николе 184, активни 169, Кичево 96, активни 80, Ресен 140, активни 59, Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).