Македонија 03. октомври 2018. / 13:07

Владата набавува пршута, стекови и сокови во вредност од 52 илјади евра

Владата набавува пршута, стекови и сокови во вредност од 52 илјади евра

Владата има намера да набави месо и сокови во вредност од 32 милиони денари. На веб страната на бирото за јавни набавки, неодамна се објавени три огласи на кои како договорен орган стои Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, додека предмет на договор е набавка на месни производи и сокови.

Во првиот оглас предмет на набавка е свежо пилешко месо во вредност од 1.500.000 денари.

Во спецификациите на оваа набавка стои дека ќе се набават неколку тони пилешко месо, пилешки стекови како и мисиркино филе.

Во друг оглас стои дека ќе се изврши набавка на сувомеснати производи во вредност од 600.000 денари.

 

Тука предмет на набавка е говедско пушено месо, печеница, свински врат, ребра и други останати сувомеснати производи.

Владата исто така планира и набавка на газирани сокови во вкупна вредност од 1.100.000 денари односно 18 илјади евра.