Македонија 08. октомври 2018. / 13:15

Владата на вонредна седница ќе ги разгледува предлозите за уставните измени

Владата на вонредна седница ќе ги разгледува предлозите за уставните измени

За денеска попладне е закажана вонредна владина седница на која единствена точка на дневниот ред е Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.

Седницата е закажана за 16 часот, а од Владата не соопштуваат повеќе детали до почетокот на седницата.