Македонија 26. јули 2020. / 22:57

Владата ќе тужи германска фирма за пругата кон Бугарија

Владата ќе тужи германска фирма за пругата кон Бугарија

Владата ќе ја тужи германската фирма „Вибе“, затоа што еднострано ја прекинала соработката со ЈП „Македонски железници-инфраструктура“ и се повлекла од изградбата на железничката пруга Куманoво-Бељаковце, дел од Коридорот 8 кон Бугарија, пренесува порталот сдк.мк.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, вели дека од причини познати само на изведувачот, тој се повлекол од градилиштето.

„Причините коишто се наведуваат за нас се крајно неприфатливи и затоа на вчерашната седница на Влада зазедовме став да ги преземеме сите мерки во делот на ангажирање на адвокати, меѓутоа и сите други потреби околу банкарски гаранции. Сите аргументи се на наша страна. Со меморандумот којшто е потпишан во април месец, требаше тие да ја завршат пругата на крајот на февруари, така да нашите очекувања спорот ние како држава да го добиеме“, изјави денеска Сугарески, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски беа на увид на рехабилитација на магистралниот пат Куманово- Страцин.

Пругата до Бугарија ќе чини 540 милиони евра.

Целата вест може да ја прочитате на следниот ЛИНК.