За новиот концепт за основното образование кој предизвика силни реакции во јавноста ,ќе треба да се спроведе исцрпна јавна расправа, одлучила владата по презентацуијата на новиот концепт.
Во заедничкиот заклучок се наведува дека треба да се појаснат некои од прашањата што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование
Презентацијата јасно покажа дека со предлогот за наставен предмет општествени науки не се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него се предвидува да станат задолжителен дел од новата наставна програма, како и дека новиот концепт не предвидува намалување на бројот на наставниците по историја, географија и граѓанско образование, туку продолжуваат заеднички да ја планираат наставата, со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин, велат од владата.