Македонија 13. август 2019. / 18:39

Владата ќе потпише меморандум со САД за разбирање во одбранбената соработка

Владата ќе потпише меморандум со САД за разбирање во одбранбената соработка

На денешната владина седница, разгледана и усвоена е Информација за потребата од потпишување на меморандум за разбирање во областа на одбранбената соработка помеѓу Министерството за одбрана на Македонија и Соединетите Американски Држави.

Во име на Владата меморандумот ќе го потпише вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска, соопшти владината прес-служба.

На седницата е усвоена и Информација за плановите за учество на држвава во силите на НАТО за обезбедување на источните и југоисточните граници на Алијансата – Зајакнато истурено присуство.

Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата добиле задолжение да спроведат консултации и да почнат планирачки процес со Обединетото Кралство, за учество со две лица – штабен персонал во борбената група распоредена во Естонија, а со придонесот да се почне до крајот на годинава, се вели во соопштението.