Македонија 18. ноември 2020. / 00:26

Владата ќе побара кризна состојба од претседателот и Советот за безбедност

Владата ќе побара кризна состојба од претседателот и Советот за безбедност

Владата ќе препорача на претседателот на државата, Стево Пенадаровски и на Советот за безбедност прогласување кризна состојба, која треба да се однесува најверојатно на територијата на целата држава, објави ТВ 24.

Како што објавува телевизијата, кризната состојба не значи полициски час, ниту карантин, туку состојба која ќе овозможи подбро функционирање на институциите и на фунакциите на државата, како што се полицијата, здравството и армијата.

Ваквата препорака на Владата ќе биде испратена деновиве, а причината е влошената здравствена состојба со растечкиот број на новоозаболени.

Последната одлука на комисијата за заштита од заразни болести беше дека не се потребни дополнителни мерки и рестрикции за заштита од ширење на Ковид-19.