Македонија 02. октомври 2018. / 19:08

Владата ќе го реформира разузнавачкиот систем на Македонија

Владата ќе го реформира разузнавачкиот систем на Македонија

По предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на денешата седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од формирање меѓуресорска работна група, која ќе предложи модел на реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија со план за негово воспоставување.

Со заклучок на денешната седница, министерот за внатрешни работи во рок од 3 дена од добивањето на номинациите е задолжен да достави до Владата предлог-одлука за формирање меѓуресоска работна група која ќе предложи модел на реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија со план за негово воспоставување.