На 27 мај Охрид и Македонија ќе се сеќава на еден милениум од основањето на древната Охридска Архиепископија.
За одбележувањето на овој значаен јубилеј Владата на Република Македонија формирала работна група, која треба да ја утврди програмата и учесниците на јубилејот по повод 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија.
Членови на оваа работна група се претставници од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Македонија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид, Македонска филхармонија и Православниот богословски фаултет ,,Св Климент Охридски” .
МПЦ-ОА информира дека овој милениумски неповторлив јубилеј има голема важност за Република Македонија и за цела Европа.
Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква- Охридска архиепископија на својата редовна седница одржана на 13 март донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија. Централното одбележување ќе се одржи во катедралниот храм на охридските архиепископи ,,Св. Софија” во Охрид на 27 мај.